Австралиската репрезентација е пријатно изненадување на СП во Катар, пласирајќи се во следната рунда (вторпат во историјата). Селекторот на репрезентацијата на „кенгурите“, Греам Арнолд, презеде несекојдневна мерка кон своите избраници, по победата од 1-0 над Данска.

Advertisements

Тој им забрани на сите играчи да користат социјални мрежи или да објавуваат моменти на радост по овие квалификации.

„Не сакам тимот рано да почне со одмор или да се опуштат на социјалните мрежи. Сакам да одморат колку што заслужуваат и да тренираат за следниот натпревар. Работевме напорно за да стигнеме овде. Овие момци дојдоа до тука со одличен став. Работиме 4 години и веруваме во овој резултат. Енергија и концентрација се потребни за теренот, а не за социјалните мрежи. Ќе имаат време за објавување фотографии по Светското првенство“, изјави Арнолд.

Прикажи повеќе