Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет.

На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“.

– Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа, рече Трас.

– Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина. Тој и се заканува на цела Источна Европа и демократијата, изјави шефицата на британската дипломатија.