На денешната ппрес-конференција, ден по дебитантскиот натпревар на ЕП, на кој нашите репрезентативци беа поразени 3:1 од Австрија, Александар Трајковски го анализираше натпреварот.

„Искрено, мислам дека одигравме квалитетни 70 минути и се боревме до крај. Го имавме тој позтивен резултат, а потоа примивме два гола, по, мое мислење, наивно, по еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создававме шанси и игравме наш фудбал, покажавме дека може да играме со секого и ако продолжиме вака и во наредните мечеви ќе дојдеме до поголем резултат. Оваа Македонија нема никогаш да се предаде. Ќе се бориме до крај, па ќе видиме што ќе биде. Многу е убаво да се игра на големо натпреварување. Драго ми е што дојдоа толку луѓе да не бодрат. На крајот криво ми е што немавме позитивен резултат на првиот меч, но ние нема да се откажеме, ќе се бориме да ја минеме првата група и да ги направиме сите горди да излезат на улица“, изјави Трајковски.

Македонија веќе се подготвува за следниот натпревар против Украина, кој се игра на 17. јуни во почеток во 15:00 часот.

Украина е во серија негативни резултати на ЕП, но сепак вчера одиграа маестрален натпревар против Холандија иако загубија 3:2.