Гледавме одличен натпревар синоќа на Европското првенство, Швајцарија водеше, па губеше 3:1, и славеа по пенал рулетот.

Беше 5:4 по пеналите, играчите беа немилосрдни, а потоа топката ја презеде Килијан Мбапе.

Тој не погоди и стана трагичар на неговата репрезентација.

Тој побрза брзо да се огласи на социјалните мрежи.

“Жал ми е за пеналот. Сакав да му помогнам на тимот, но не можев. Сега ќе биде тешко да заспијам. За жал, ова се случува и во спорт кој многу го сакам. Фанови, знам разочарани сте, но би сакал да ви се заблагодарам за поддршката и што секогаш верувавте во нас“, напиша Мбапе.