Младиот шампион во кикбокс Марко Тодоров почина на 23 годишна возраст. Семејството, пријателите, се простуваат од прерано починатиот Марко на социјалните мрежи.

– Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!

Во ноември 2018 година, Марко Тодоров го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“.