Продолжува потрагата по возачот на „голф 4“ кој вчера малку пред пладне излета од мостот на Вардар кај селото Желино и падна во реката. Не е познато дали возачот бил сам. Медиуми на албански јазик информираат дека станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово и пишуваат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче. Од Центарот за управување со кризи доцна попладнето информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.