Фудбалерите на Тотенхем не успеаја да го совладаат градскиот ривал Фулам играјќи 1:1.

Во заостанатиот натпревар од 16. коло во Премиер лигата, Тотенхем поведе со голот на капитенот Хари Кејн кој во 25. минута со одличен удар со глава го совлада голманот Ареола.

Во првото полувреме, Фулам имаше шанса да израмни но шутот на Рубен Лофтус-Чук заврши покрај стативата.
Во второто полувреме, Хјонг-Мин Сон во 72. минута имаше голема шанса да ги реши дилемите околу победникот кога топката по неговиот удар удри во стативата но не влезе во мрежата.

Две минути подоцна, домашните фудбалери доживеаја шок кога Иван Кавалиеро ги натскока противниците и го совлада немоќниот Уго Лорис.
Со ремито, Тотенхем сега е шести на табелата со 30 бода, шест помалку од лидерот Манчестер јунајтед, додека Фулам е 18. со 12. бода.