Претставниците на Националната хокеарска лига (НХЛ) денес објавија дека Торонто ќе биде домаќин на „Ол-стар“ викендот следната година. Тоа ќе биде деветти викенд на сите ѕвезди за Торонто и прв од 2000 година. „Ол-стар“ забавата е закажана за 2 и 3 февруари 2024 година. Последниот ваков викенд во Канада се одржа во 2012 година во главниот град Отава.
Одлуката да биде домаќин на Торонто беше донесена за време на овогодинешното шоу во Санрајс, Флорида. Наскоро ќе започне и продажбата на билетите и нема дилема дека експресно ќе бидат продадени, бидејќи хокејот во Канада е многу популарен./Gol.mk/