Земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтер пред околу еден час е регистриран во Хрватска. Како што пренесуваат локалните медиуми епицентарот на потресот е во близина на Петриња, на длабочина од околу 14 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Хрватските сеизмолози излегоа со соопштение во кое појаснија дека станува збор за последователни потреси како резултат на разорниот земјотрес што го погоди Петриња лани, на 29 декември.
– Advertisement –