Седумнаесетгодишен тинјџер од Косово предизвикал сообраќајка во Скопје, удирајќи во двајца пешаци на возраст од 18 и 17 години.

Од МВР велат дека несреќата се случила синоќа околу 22 часот на крстосницата од улиците Дринска и Галичица.

„Патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки  телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Свети Наум Охридски .

Извршен бил увид.