„The Weeknd“ ги израдува своите обожаватели со фотографија од неговиот живот пред да стане еден од најпознатите музичари во светот.
30-годишниот уменик чие вистинско име е Абел Тесфаје сподели празнична фотографија на која е мало детенце и позира со капа Дедо Мраз. Тој се одлучил за ваков начин на промоција за божиќната епизода од неговата радио-емисија „Memento Mori“.
Фотографијата се чини како дел од професионална фотосесија на пејачот на хитот „Blinding Lights“ на која позира со срамежлива насмевка кон камерата.
Неговите обожаватели беа пресреќни што пејачот споделил дел од неговата приватна колекција од неговото детство промовирајќи ја дванаесеттата епизода од шоуто за радиото „Apple’s Beats 1“.
„The Weeknd“ првпат го започна овој потфат во јуни 2018 година. Тој во едно неодамнешно интервју за странските медиуми рече дека растел со етиопска музика, пред да се префрли на работа на сопствена музика обидувајќи се да портретира различни страни од себе.
„Како што стареев, бев изложен на повеќе музика и мојот глас стана камелеон кој влегува во различни карактери со секој албум. Следејќи го мојот сопствен пат и кршејќи ги нормите во индустријата, се чини дека влијаам на другите“, вели тој.