Младоженци од Тетово направиле свадба иако обајцата сосе целото семејство биле позитивни на брзите ковид тесови, вели тетовскиот доктор Илчо Ефкоски, пренесе СДК.МК.
Зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадба. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура. Целата свадба си ја истерале со сите салтанати. Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека. ПЦР тест не направиле. И сето ова како да не било доволно, па братот на младоженецот со семејството, каде дел биле позитивни, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел во Албанија. За ова немаше да се дознае ако зетот да не заврши на Инфективното одделение со пневмонија. Сега следните од семејството се чекаат за хоспитализација“, потврди д-р Ефкоски за порталот.
Ваквиот неодговорен однос на поединци и големиот број на свадби и други свечености направи Тетово во овој момент да има повеќе хоспитализирани лица од времето на најголемиот бран на ковид-19 од ноември и декември минатата година. Крајно лошата епидемиолошка состојба ја потврдуваат и од Ковид-центарот во Тетово.
Целата вест прочитајте ја на СДК.МК.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.