Kога сме загрижени за нешто или кога „фатени“ во состојби на непријатност, анксиозност и негативни мисли, нашиот мозок се фокусира на размислата за проблемот што нè натерал да бидеме во таа состојба.
Колку повеќе размислуваме за изворот на проблемот, се чини толку повеќе се намалува нашата способност да го најдеме вистинското решение, а во исто време развиваме емоционален стрес што ја влошува состојбата да размислуваме рационално и да донесуваме одлуки.
Техниката позната како 5-4-3-2-1 носи решение за овие проблеми, пишува „Објектив“.
Благодарение на овој метод, ќе излезете како победници од секоја ситуација. Вистинската стратегија е да се намали непријатноста во такви ситуации, со избегнување на мисли кои нè опотваруваат.
Бидејќи не е можно едноставно да се „исклучи“ мозокот, ваквата применета психологија има за цел да го сврти нашиот фокус од тешките мисли.
Доколку се рефокусираме од негативните мисли ние ќе си помогнеме да се намали нивото на емоционалниот немир, да ја вратиме можноста за поефикасно размислување и да носиме подобри одлуки. Така би имале поголеми шанси да го најдеме вистинското решение за проблемот.
Со оваа едноставна техника, стресот и непријатноста исчезнуваат, така што нашиот мозок станува порелаксиран и може да најде решенија за многу проблеми. Ослободениот ум е првиот чекор кон големиот успех.
Вака функционир. Опуштете се и размислете на глас или во себе за следново:
- 5 – Наведете пет предмети со различни бои кои се наоѓаат во вашето видно поле…
На пример: зелени завеси, кафеав под, жолта маса, бела шолја за кафе, бела врата)
- 4 – Наведете четири чувства, луѓе или работи што ве прават среќни.
- 3 – Наведете три звуци
На пример: бучава од автомобил, звук од климатизација, звук од фрижидер.
- 2 – наведете два мириса
На пример: омилен парфем или мирис на кафе.
- 1 – замислете еден вкус
На пример: кога го јадете вашето омилено чоколадо, фокусирајте се на тоа какво чувство буди тој вкус, како се менува неговата текстура и густина.
Ова е вид на медитација која за неколку минути ќе го оттргне вашето влијание од лошите мисли. Иако на почетокот може да изгледа како „банална игра“, оваа техника навистина има позитивни ефекти.