Во последователните средби со мисиите на пријателските земји, денеска, придружен од генералниот секретар, Кренар Лога, лидерот на Алијанса за Албанците се Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Скопје.

-Со амбасадорот Ангелов се договоривме за неопходноста од негување добрососедски односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, во европскиот дух на договорот за пријателство меѓу нашите две земји. Нагласив дека Алијанса за Албанците, како што го поддржа францускиот предлог и преговарачката рамка за Северна Македонија, ќе ги поддржи и уставните измени за отворање на преговорите за членство во ЕУ и дека покрај ова, ќе продолжиме со длабоки реформи во правосудството за борба против чумата на корупцијата, се вели во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.

Во истото соопштение со додава:

-Ги истакнав историските пријателски врски меѓу нашите народи и држави, како и волјата на Алијанса за Албанците за нивно проширување и продлабочување. Во таа насока, ја изразив нашата безрезервна поддршка за завршување на инфраструктурните поврзаности долж коридорот VIII, од Драч до Варна, каде Северна Македонија е поврзувачки мост меѓу Бугарија и Албанија.

Со амбасадорот Ангелов се договоривме да го продолжиме овој дијалог во поглед на европската иднина на Северна Македонија и закотвувањето на регионот во западниот блок, далеку од злонамерните влијанија на Москва.