Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во врска со најновото истражување за пожарот во модуларната болница во Тетово, рече дека ова истражување на ИРЛ е шокантно и дека нема граѓанин во Северна Македонија кој не е трогнат од овој случај.

Првиот човек на АА нагласи дека неговата партија раковводи со две министрерства кои можат да помогнат во решавањето на случајот со модуларната болница во Тетово.

Нашите министри се подготвени да го решат овој проблем во следниот период бидејќи две години ништо не е направено, изјави Таравари.

Тој додаде дека обвинувањата против министерот Меџити се неосновани и дека ниту денар не и е исплатен на компанијата БРАКО од министерот за здравство Фатмир Меџити.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Пожар кај вештачкото езеро Мантово, зафатени над 15 хектари сува трева!

„Министерот Меџити ги доставил сите документи што ги побара ИРЛ за нивното истражување, но и сега подготовува материјали за да ги дистави до Обвинителството“, рече Таравари, додавајќи дека двајцата министри Меџити и Лога ќе бидат асовите за да на крајот правдата излезе на површина.

Потсетуваме дека пред две недели ИРЛ прикажа документарен филм насловен „Убиство во Тетово“ каде обвини поранешни владини функционери за случајот со модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.