Италијанката Кјара Ферањи (33) е највлијателната блогерка во светот. Оваа убавица која е исто така и модна дизајнерка и ТВ лице, фотографирана е во Мајами видно расположена и насмеана за позирање и фоткање со фановите.

Имено, оваа модна икона и нејзиниот сопруг Федез (31) неодамна ја примија наградата „Ambrogino d’Oro“, награда поради посветеност во собирање средства за борба против Ковид – 19.

Кјара беше фотографирана на улица во Милано со „Хермес Биркин“ чанта, која чини колку една луксузна куќа – дури 432.000 долари, односно 355.600 евра. Торбата е направена од крокодилска кожа, бело злато и дијаманти.

Profimedia