Ти-Џеј Шортс се приклучи на подготовките на македонската репрезентација за престојниот претквалификациски турнир за ЛОИ 2024. Тој се појави на тренингот на нашата најдобра репрезентација во салата во СРЦ „Кале“  во Скопје.

„Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме“ – вели американскиот бек по првиот одработен тренинг во подготовките.

Еден од најдобрите плејмејкери во Европа, во овој момент, смета дека добра работа е што тимот претставува микс на искусни, но и млади, талентирани кошаркари.

„Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде“, дополнува Шортс.

Претквалификацискиот олимписки турнир ќе се одржи од 12. до 20. август во Талин, Естонија, и потоа во Гљивице, Полска. Првиот меч на турнирот во Талин, Македонија го игра на 12. август против Израел, а на 13. август е дуелот со Естонија. На 15. август е мечот против репрезентацијата на Чешка. /Ekipa.mk/

Foto: Ekipa.mk