Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

Advertisements

Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Тој изјави дека тоа го кочи нивното работење и дека проблемот мора што поскоро да се реши.

– Времето истекува, а ние остануваме без пари. Нашата операција чини околу 50 милиони долари месечно и вклучува само реакција на земјотрес, рече Бисли. Тој додаде дека „ако Европа не сака нов бегалски бран, треба да одвои средства за помош“.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресите што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. На југот на Турција се регистрирани повеќе од 40.000 жртви, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.

Прикажи повеќе