Нова кампања на масовно собирање средства има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да дадат мали донации на системот Ковакс.

Акцијата се одвива во рамките на меѓународниот напор за рамноправна дистрибуција на вакцината против коронавирусот, пренесе АП.

Наречена „Go Give One“ кампања кампањата ја почна Светската здравствена организација како и корпоративните, верски и светски лидери.

Почетните пари ги обезбеди Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата би требало да донесе три милијарди долари за ковакс програмата кои се неопходни за најмалку 30 отсто луѓе во 92 земји со низок приход.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.