Официјални лица и здравствени експерти надвор од Кина нервозно го следат порастот на случаите на ковид-19 во таа земја, загрижени дека нацијата од 1,4 милијарди луѓе е несоодветно вакцинирана и можеби нема здравствени алатки за лекување на бранот на инфекцијата што се очекува да убие повеќе од еден милион луѓе до 2023 година. Некои американски и европски функционери се борат да откријат како, или дали, можат да помогнат во ублажувањето на кризата за која се плашат дека ќе и наштети на глобалната економија, дополнително ќе ги ограничи корпоративните синџири за снабдување и ќе предизвика нови варијанти на коронавирус.
„Ние истакнавме дека сме подготвени да помогнеме на кој било начин за кој кинеските власти би можеле да го сметаат за прифатлив“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби. Напредната подготовка на здравствениот систем, прецизното и споделено собирање податоци и отворената комуникација се важни за борбата против масовните инфекции со коронавирус, велат здравствените експерти од земји надвор од Кина. Многу од тие елементи се чини дека недостасуваат во Кина, додаваат тие. Кинескиот претседателот Си Џинпинг долго време инсистираше на тоа дека единствениот партиски систем во земјата е најсоодветен за справување со болеста и дека кинеските вакцини се супериорни во однос на западните колеги, и покрај некои докази за спротивното.