Децата во Германија, Австрија и Швајцарија традиционално испраќаат список со своите желби на Свети Никола. Детските писма пристигнуваат на шест места во Германија, каде што се составуваат одговорите. ДПА јави дека годинава биле одговорени 27.000 писма пристигнати од целиот свет.

“Бројот на примени писма е нешто поголем од минатата година. Многу писма испратија украински деца, кои добија одговори на нивниот јазик”, рече Петер Гереке, претседател на Комитетот за Денот на Свети Никола.

Според традицијата, на 6 декември децата бараат подароци од Свети Никола, заштитникот на децата и морнарите. Повеќето од децата побараа мир и снежен Божиќ, но и добро здравје за семејството, пријателите и сите луѓе. Добиени се писма и од студенти кои барале „успешно полагање на претстојните испити“.

Секако, на списоците со желби имало и играчки, боички, тркачки автомобили и конзоли за PlayStation, како и чоколади и мандарини.

Специјалната пошта на Свети Никола ќе работи до 24 декември. Во следните неколку дена 42 волонтери ќе одговорат на уште илјадници писма.

За Божиќ 2021 година пристигнаа 30.711 писма од деца од 43 земји. Во гратчето Гроселн во Германија, во близина на француската граница, децата му пишуваат на Свети Никола од 1967 година. Тоа е најстарата пошта за писма до Свети Никола во Германија.