Со Свечена академија – „32 години независност“ вечерва во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември.

На Свечената академија  присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Одбележувањето на државниот празник кое е организирано од Владата под мотото „Гласник на слободата“, продолжува утре со повеќе културни, забавни и спортски настани.