Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси беа оштетени во средбата со Бостон Селтикс, откако во завршните секунди не беше досуден фаул при положување врз Леброн Џејмс. „Кралот“ беше во неверување, дури падна на паркетот и се чудеше, а мечот замина во продолжение. Иако неколку дена се молчеше, главниот судија на мечот Ерик Луис ја призна грешката.
„Постоеше контакт, но во тој момент не видовме прекршок. Судиската постава пропушти да ја донесе правилната одлука“, кажа Луис.
На крајот Селтикси се радуваа по продолжението, па Лејкерси со право беа бесни. Џејмс требаше да добие слободни фрлања, а бидејќи веќе времето истече, веројатно ќе донесеше победа на својот тим. /Gol.mk/