Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите пари собрани од продадените билети за месец февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

Ова го соопшти директорката на НУЦК „Антон Панов“, Танкица Стојанова, која упати апел да публиката да дојде во театарот и на тој начин да ја искаже својата хуманост.

Инаку, овој месец на репертоарот на НТ „Антон Панов“ се седум претстави, а утре на програмата е гостувањето на танцовиот перформанс Вртоглавица“, во кореографија на Тобиас Драгер од Германија. Настапуваат танчерите Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Илина Костовска и Елена Стојкоска, а продукцијата е на Платформа Битрикс-Битрикс Културно-уметнички Центар во соработка со Младински Културен Центар и КСП „Центар Јадро“