„Триколорите“ без сомнение се едни од најголемите фаворити за освојување на златен медал на Европското првенство, и очигледно е дека Дешамп е решен дека по СП, неговиот тим ќе го освои и Евроопското првенство.

Имено, француските медиуми утрово објавија дека Дешамп решил да замине на Европско првенство со најсилниот тим и дури е подготвен да го покани Карим Бензема во националниот тим по шест години.

Напаѓачот на Реал Мадрид оваа сезона игра во фантастична форма и медиумите во Франција велат дека е време да се вратиме во националниот тим и да се заборави на скандалот со Валбуена од 2015 година.

Дешамп вечерва во 20 часот ќе го објави списокот на триколорите и се очекува името на Бензема да се најде на списокот од 26 фудбалери.

Доколку Бензема се врати во националниот тим, тогаш Дешамп навистина ќе има на располагање неверојатен напад, а медиумите веќе започнаа да шпекулираат како би можел да изгледа составот на оваа селекција на Европското.

Претходните години Оливие Жиру играше на врвот на нападот, но јасно е дека не е на нивото на Бензема. Покрај Мбапе и Гризман, овој избор ќе биде навистина смртоносен.

Составот на Франција доколку се најде на списокот Бензема може да изгледа вака: Ллорис, Павард, Варан, Кимпембе, Лукас Ернандез, Канте, Рабиот, Погба, Гризман, Мбапе, Бензема.