Членството на Финска во НАТО ќе ги зајакне и западната воена алијанса и Финска, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ако Финска одлучи да поднесе формална апликација за членство, таа ќе биде топло добредојдена во НАТО, а процесот на пристапување ќе се одвива без проблеми и бргу“, рече Столтенберг откако финските лидери, претседателот и премиерот рекоа дека земјата треба да аплицира за НАТО-членството без одлагање“, објави „Ројтерс“.

Финска е демократска земја, која е важен фактор за евро-атлантската стабилност.