Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека Алијансата ќе продолжи да ѝ дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија бидејќи во случај на победа на Русија целиот свет би плаќал висока цена со години.

Advertisements

„Ако Путин и другите авторитарни лидери видат дека силата се исплати, тие повторно ќе ја искористат за да ги постигнат своите цели. Тоа ќе не направи сите нас поранливи и затоа е во наш безбедносен интерес да ја поддржиме Украина. Нема да има траен мир ако победи агресорот, ако репресијата и автократијата надвладеат над слободата и демократијата“, додаде тој.

Прикажи повеќе