Угледниот шпански „АС“ тврди дека македонскиот голман Столе Димитриевски постигнал договор со Валенсија. Се уште ништо не е официјализирано, но наводно Столе и Валенсија начелно си кажале “ДА“, па следната сезона македонскиот голман ќе се пресели на „Местаља“ како слободен играч, бидејќи договорот со Рајо му истекува ова лето. Причината поради која Валенсија се договорила со Димитриевски е тоа што чини нула евра, а со продажбата на нивниот сегашен голман, Грузиецот Мамардашвили очекуваат да ја попоплнат негативата во касата.