Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во интервју за Канал 5 вечерва рече дека белиот мантил не смее да работи под притисок и уште еднаш предупреди дека мерките мора да се почитуваат. Д-р Стефановиќ посочи дека секоја смрт на пациент за нив е неуспех и болка. Таа посочи дека британскиот сој е многу пострашен и буквални ги брише белите дробови од ренген снимките и како што вели, пациентите немаат белодробје, односно се е бело и лекарите буквално се чудат како тие дишат.
„Добивам по 50 повици на ден од луѓе кои не знам како ме наоѓаат, но ете, успеваат. Невозможно е да ги исполниме желбите на сите оние кои сакаат болничко лекување. Секако дека во различен период е различен текот на болеста. Најтешка причина за смрт е кога ќе ви почине пациент за кој сте биле убедени дека ја поминал кризата. Тоа е најчесто онаа моментална смрт. Како лекари гледаме ренген снимки на кои немате белодробје и се чудите со што овој човек дише. Сме имале полесни пациенти кои не сте успеале да го спасите, но има и такви кои биле со тешка клиничка слика, а потоа сте го испратиле жив дома“, вели д-р Стевановиќ.
Ранлива на британскиот сој е и помладата популација, вели д-р Стевановиќ, и додава дека специфичен лек за ковид-19 нема.
„Британски односно новиот сој, но за нас и не така нов, не само што побрзо се шири туку има потешка клиничка слика и за младата популација е ранлива. Болниците се полни. Специфичен лек нема, но умешност е трпеливото следење на пациентот. Се справуваме со потежок и поопасен вирус, со претходниот имавме поинакво искуство и веќе го научивме, но морам да кажам дека ковид-19 ќе биде сериозен предмет на Инфектологија. Дел од пациентите кои умираат не само што се помлади, туку немаат ни коморбидитети. Секако има и такви кои имаат коморбидитети, но не знаат, па ковид-10 само ќе ја влоши состојбата. Факт е дека пациентите сме ги добиле во исклучително здравствена, има и такви кои доцна доаѓаат, па има и нагло влошување на состојбата, но и смртен исход. За нас секој изгубен пациент е болка и неуспех. Незнаница е тоа што се случило со дел од пациентите, но ете, знаеме што се слушува како пациенти со хроничен дијабет, тромбоза…”, вели д-р Стевановиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.