Стејт департментот повика Конгресот да го одобри новиот пакет помош за Украина до крајот на оваа година. Оттаму укажаа дека Конгресот го поддржува тоа и може да го ја изгласа помошта со огромно мнозинство.

-Јасно дадовме до знаење дека сакаме финансирањето за Украина, што го предложивме во дополнителното барање на претседателот, да биде одобрено, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

-Сакаме тоа да биде одобрено до крајот на годината. Тоа е наша цел и наш приоритет.

Според Милер, на крајот на краиштата Конгресот треба да реши „дали ќе ја подржува Украина и ќе даде финансирање неопходно за спротивставување на руската инвазија, во време кога доаѓа зима која, како што очекуваме, ќе биде многу тешка“.

-Сметаме дека при одлучно гласање на Конгресот помошта за Украина ќе биде одобрена, и при тоа со огромно мнозинство, и ние понатаму ќе работиме со Конгресот тоа да се постигне, изјави претставникот на Стејт департментот.

Се работи за над 60 милијарди долари воена и економска помош за Украина, дел од пакет вреден над 110 милијарди долари во кој е вклучена помош и за Ирзаел, хуманитарна помош за палестинското население во појасот Газа, како и за контрола на имиграцијата на јужната граница на САД.