Јувентус планира да отпушти пет играчи и со тоа да ги намали трошоците поради кризата во која се наоѓа, пренесува „Газета дело Спорт“. Сојузниот апелационен суд на Италија го казни Јувентус со 15 бода во Серија А поради финансиски малверзации. Неколку директори на Јувентус се суспендирани, меѓу кои и поранешниот претседател на Андреа Ањели, на период од две години.
Италијанските медиуми јавуваат дека дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ќе бара на Јувентус да му бидат одземени дополнителни 20 поени поради финансиски малверзации, што би значело ново испаѓање во Серија Б. „Бјанконерите“, поради ситуацијата сакаат да ги намалат трошоците на минимум и да заштедат 70 милиони евра.
Планот е Анхел Ди Марија, Алекс Сандро, Адриен Рабиот, Леандро Паредес и Хуан Куадрадо да го напуштат клубот, открива „Газета дело Спорт“./Makfax/