Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан, ќе разговара со државниот секретар на Соединетите држави, Антони Блинкен на 5 октомври во услови кога двете земји имаат за цел да ги обноват дипломатските врски во пресрет на спорот околу профитабилниот договор за подморници што Франција го загуби.
„Двајцата министри ќе одржат темелни разговори, по нивната средба во Њујорк на 23 септември, со цел да се идентификуваат чекорите што ќе бидат потребни за повторно воспоставување доверба меѓу нашите две земји“, соопшти кабинетот на Ле Дриан.
Дипломатските односи меѓу Соединетите држави и Франција достигнаа најниска точка минатиот месец, откако Австралија го откажа претходниот договор за подморници, дизајнирани од Франција, вреден 40 милијарди долари, за изградба на најмалку осум подморници со нуклеарен погон со американска и британска технологија.