Спорот меѓу Софија и Скопје стана дел од изборната кампања на источниот сосед. Претседателот Румен Радев упати серија критики до бугарската Влада дека не водат грижа за граѓаните со бугарски пасоши во Северна Македонија..

„Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија ја потврди тезата што потпретседателката долго време ја бранеше, дека давање само на државјанство не е доволно за успешна работа надвор од границите на нашето општество. Не успеавме да го решиме прашањето за економско и културно влијание во соседство. Граѓаните со бугарски пасош во С. Македонија сè уште не се чувствуваат како бугарски самоопределени граѓани. Тие живеат во страв. Бугарските власти не успеаја да имаат активна, достоинствена политика и добро аргументирана позиција пред европските партнери“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.

– Advertisement –

Радев го претстави новиот концепт за дијаспора на потпретседателката на социјалистите Илијана Јотова, која исто така се кандидира за втор мандат.

„Потпретседателката продолжува да работи активно за нови политики во врска со бугарските граѓани надвор од границите. Не само состаноци и преговори, туку сеопфатен пристап што ќе вклучува предавања за бугарскиот јазик, работа со академијата, пропаганда на бугарската култура. Концептот на г-ѓа Јотова за бугарскиот културен институт вклучува договори со интелектуалци од земјата и надвор“, додава Радев.

Вчера, вицепремиерот Красимир Каракачанов повика на признавање на бугарското население, тврдејќи дека на 120.000 граѓани веќе им се издадени бугарски пасоши а илјадници други чекаат да ги добијат.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе