Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека кинеската вакцина против Ковид-19 е нејасна и дека постојат евентуални ризици таа да доведе до олеснување во развојот на нови варијанти, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател ова го изјави за време на дебата во тинк-тенкот Атлански совет, пренесоа вечерва француските медиуми.

-Апсолутно немам информации за кинеската вакцина. Ова значи дека на среден и долг рок, речиси е сигурно дека доколку оваа вакцина не е соодветна, тоа ќе го олесни појавувањето на нови варијанти на вирусот за Ковид-19, рече Макрон.

Тој ја отфрли „краткорочна ефикасност на вакцината што би наштетила на долгорочната ефикасност “. (МИА)