Компанијата на Елон Маск, Спејс – ИКС потпиша договор вреден 178 милиони долари со НАСА за учество во мисијата за истражување на месечината на Јупитер, наречена Европа. Мисијата треба да започне во октомври оваа година, од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Ова е прв обид во историјата да се истражи ледената месечина на Јупитер. Меѓу целите е потрагата по услови што можат да овозможат развојот на живот таму. Мисијата ќе бара езера под површината на Европа и ќе го анализира нивото на сол во нејзиниот океан.
Advertisements