Во рамките од второто коло од главната фаза на Светското првенство во групата „1“ во натпревари без резултатско значење, Германците кои веќе ги загубија шансите за учество во следната фаза, триумфираа над Бразил со 31:24 (16:12). Најрасположен во германската селекција беше Гола со седум погодоци, еден помалку за „кариоките“ имаше Мораеш.

Води Унгарија на првата позиција со осум бодови и веќе се пласираше во четвртфиналето каде што ќе биде и Шпанија која е второпласирана со седум бодови и овие две репрезентации ќе одлучуваат во последната трета рунда за врвот.

И во групата „2“ го дознавме првиот четвртфиналист, тоа е Данска која славеше уште една победа на овој Мундијал, овојпат против Јапонија со 34:27 (19:17).

Најрасположен кај скандинавците беше Јакобсен со 12 голови, а за азискиот претставник доминираше Агарие кој шестпати се запиша во листата на стрелците.

Данците се првопласирани со осум бодови, а за второто место борба водат три репрезентации. Второпласирани се Аргентинците со шест бодови, пред Хрватите со пет и Катарците кои имаат четири.

Хрватска мора да оди на победа во последното трето коло против актуелниот светски шампион, но истовремено ќе мора за нејзе да игра и Катар, односно да слави против Аргентинците.

За „гаучосите“ може да им биде доволен и бод, а Катарците покрај тоа што ќе бркаат триумф, ќе бараат „услуга“ од Данска да ја совлада хрватската репрезентација.