Претседателот на Србија, Александар Вучиќ откажа некои службени обврски по совет од лекар, вели Сузана Васиљевиќ советник за медиумите на Вучиќ во емисијата Еуроњуз вечер.

-Здравјето на претседателот не беше во ред, а утре навечер пристигнува Урсула фон дер Лајен, а следниот ден сме во неа во Ниш. По тоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово, па мораше малку да запре. Така одлучивме, односно лекарите предложија малку да стопира и да направи пауза, вели Васиљевиќ.

На прашањето дали јавноста би требало да биде загрижена одговорила одрично.

-Се надевам дека се ќе биде во ред, бидејќи се работи за премор, изјавила советничката на Вучиќ.