Свадбата е еден од најубавите денови во животот, но подготовките, како и самиот главен настан може да бидат особено стресни… Сепак, според познавачите, ако се внимава на неколку подробности, сѐ ќе мине поопуштено.
Советот, пред сѐ, гласи дека не мора строго да се следат утврдените правила. Тоа е Ваш ден и само Вие имате право да изберете што е важно. А, искуството говори дека не е важно им се угодува на другите… На разни места, на пр., постојат традиционални обичаи, како фрлање бонбони и парички, фрлање бидермаер итн. Сепак, не е задолжително да се прави она што не го сакате. Тука е важно партнерите да разговараат и заедно да одлучат што ќе се случува на нивната венчавка, а што не.
Ако младоженците сакаат да бидат сигурни дека ќе се чувствуваат опуштено за време на венчавката, советот гласи – поканете ги само блиските роднини и пријатели – оние кои се присутни во Вашиот живот. А, тоа не е само начин да се заштедат пари…
Не правете сè сами на денот на венчавката. Нормално е и очекувано, оние кои се најблиски и најзасегнати – да помогнат. Не може еден човек да се грижи за сѐ.
Битен е и договорот со фотографот пред свадбата, за да се знае какви слики сакаат младоженците. На пр., ако невестата не сака да позира, фотографот е задолжен само да ги следи случувањата и да фотографира по случаен избор – „ненаместено“.
За крај, ако буџетот дозволува, може да се одвои и малку време за некое „екстра“ опуштање пред свадбата. Може да се закаже и масажа или нешто слично заради ослободување од стресот и напнатоста.