Француската фудбалска репрезентација ги отвора квалификациите за Светското првенство со натпревар во Париз против Украина.

Актуелните светски шампиони се главни фаворити во групата со Украина, БиХ, Финска и Казахстан и ќе биде вистинско чудо ако не се на врвот на групата.

Тимот на Дидие Дешамп изгледа навистина застрашувачки. Л’Екип објави можна постава за вечерашниот натпревар и кога ќе го погледнете, сè ви е јасно.