На Јувентус не му оди како што очекуваа пред сезоната. Елиминирани се во ЛШ од Порто, во Серие А се далеку зад Интер, а поразот од Беневенто на домашен терен предизвика хаос во соблекувалната. Наводно Андреа Ањели, прв човек на тимот, со покачен тон му се обраќал на тренерот Андреа Пирло. Ништо подобра не била атмосферата во соблекувалната каде имало викање и пцовки. Но, неколку дена подоцна, спортскиот директор Павел Недвед вели дека Пирло 100 посто останува тренер, иако имаше информации дека тој завршил со тренерската работа во Јуве.

– Пирло 100% ќе остане тренер на Јувентус. Кога го почнувавме овој проект, на сите ни беше јасно дека ќе се појават пречки на патот, но ние како управа сме мирни, вели Недвед.

Единствената шанса за пехар на Јуве е Купот на Италија каде во финалето игра против Аталанта.