По хоспитализацијата на домаќинот на „Амиџи шоу“, Огнен Амиџиќ поради воспаление на белите дробови, неговата сопруга која е со македонско потекло, Данијела Амиџиќ, била тестирана против коронавирусот.

Како што дознава „Нова.рс“, Данијела Амиџиќ денес била тестирана од ковид – 19, а резултатот од тестот е негативен.

Нејзиниот сопруг, водителот Огњен Амиџиќ, е хоспитализиран во една од белградските болници поради пневмонија. Водителот исто така бил тестиран од ковид -19, но и кај него резултатот се покажал како негативен.

„Јас се чуствувам добро. Ме примија во болница затоа што лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба“,изјави тој за Нова.рс.

Според информациите од српските медиуми, Амиџиќ ќе остане во болницата уште неколку дена.