Руски проектил соборен од украинската противвоздушна одбрана денеска паднал врз село во северна Молдавија, предизвикувајќи мала штета, но без повредени, соопшти молдавското Министерство за внатрешни работи. Прозорците на неколку домови во Наславчеа биле скршени кога проектилот паднал на северниот крај на селото, се вели во соопштението на Министерството. Наславчеа се наоѓа на границата со Украина на северот на Молдавија. Властите привремено затворија неколку гранични премини на северот „од безбедносни причини“, соопшти Министерството.