Главни sвезди на фестивалот во Сан Ремо синоќа беа Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ, кои со својот настап ги насмеа сите.

Напаѓачот на Милан и тренерот на Болоња во дует ја отпеаја песната „Ио вагабундо“ од групата Номади, а на сцената разговараа и за нивното долгогодишно пријателство.

Миха исто така го исмеваше Ибрахимовиќ дека тој никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, и откри дека нивното познанство се случил откако Ибра го удрил со глава во дербито Јувентус – Интер.

Михајловиќ зборуваше и за борбата против леукемијата, а потоа 39-годишниот Швеѓанец го зеде микрофонот во рацете.

“Кога дознав дека има леукемија, немав сила да му се јавам. Неколку дена подоцна, му се јавив и не можев да зборувам. На крајот, тој ме увери дека сè ќе биде добро. Тоа беше посебно искуство. Му понудив каква било помош. Бев тука за него “, рече Ибрахимовиќ.