Bo Абу Даби на УФЦ 280 се прослави нов шампион во лесна категорија, Ислам Махачев и го победи досегашниот шампион Чарлс Оливеира во втората рунда. По борбата тој изјави дека следен противник сака да му биде австралискиот шампион со македонско потекло, Александар Волкановски.

Тие се договорија нивната битка да се одржи во Перт, Австралија следната година. Со оваа победа во моментот Ислам Махачев е во серија со 11 победи по ред во УФЦ, додека Волкановски има 22 триумфи по ред во УФЦ.

Прикажи повеќе