На популарната страна Flightradar каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз.

Летот на „Дедо Мраз 1“ е со регистрација „ХО-ХО-ХО“, и тип на авион „санка“.

Истиот полета од северниот пол, каде ќе се врати откако ќе разнесе пакетчиња низ цел свет.

Тој лета многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата.