Поранешна фудбалска ѕвезда, играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, Лос Анџелес Галакси и Париз Сен Жермен, феноменалниот Дејвид Бекам иако веќе не можеме да го видиме на фудбалските терени, тој сè уште е актуелен насекаде низ светот.

45-годишниот Бекам, наводно, заработува неверојатни 50.000 фунти на ден реклами и од неговиот бренд. Имено, неговата заработка доаѓа од фабрики кои продаваат производи што го носат името на Дејвид. Минатата година Бекам остварил приход од 17,4 милиони фунти.

Тие пари ги заработил од продажба на парфеми, часовници, облека и обувки со своето име. А од неодамна тој стана и нов амбасадор на „Maserati“.

Ова е возбудливо време за мене затоа што започнувам партнерство со „Maserati“, легендарниот италијански бренд кој ја споделува мојата страст и почит кон иновациите и дизајнот. Очекувам да соработуваме во ова важно време од нивната историја и да ја продолжиме нивната работа на глобално ниво“, изјави Бекам, кој дефинитивно ќе се појавуа во промотивни клипови и при лансирање на нови модел со што дополнително ќе заработува.

Поранешниот фудбалер, исто така потврди дека ќе глуми во серија во продукција на „Disney“, за која потпишал мултимилионски договор.