Хрватот Славен Билиќ е нов тренер на Пекинг Гуан, објави денеска кинескиот фудбалски прволигаш.

Билиќ најде нов тренерски ангажман само три недели по отказот во премиерлигашот Вест Бромвич Албион.

На тренерското место во екипата на Пекинг, хрватскиот стратег го замени Французинот Бруно Женесио, со кого прволигашот од кинеската престолнина не ја продолжи соработката.

Пекинг минатата сезона заврши како третопласиран во кинеската Супер лига.

Билиќ (52) е вториот хрватски тренер, кој зимава се пресели во Кина, откако претходно Иван Леко седна на клупата на Шангај Сипг. (МИА)