СОСТОЈКИ:
– 1 ½ чаша шеќер
– 12 лажици брашно
– 12 лажици какао
– 3 јајца
– 12 лажици топен путер
– ½ лажичка сол
– 1 чоколадо за готвење

ПОДГОТОВКА:
Ставете ги брашното, какаото, шеќерот и солта во еден сад и измешајте со лажица да се распоредат еднакво состојките. Додајте ги јајцата и путерот, па мешајте додека добиете хомогена смеса. Чоколадото за готвење додека е во амбалажата исчукајте го со кујнски чекан за да го искршите на поситни парчиња. Додајте го во садот и мешајте да се распореди насекаде. Ставете ја смесата во сад обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Нека се излади малку и послужете го. Одлично е со една топка сладолед. За поубав вкус изберете квалитетно чоколадо и какао.