По веста за смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, низ повеќето поголеми градови низ државите од регионот се собираат луѓе кои во еден глас ги пеат неговите песни кои засекогаш ќе останат во нашето сеќавање.

Од Балашевиќ се збогуваат многу познати личности, музичари, актери и почитувачи на неговиот лик и дело кои за последен пат му оддадоа почит.

Facebook
Facebook

Денес со почеток од 19.00 часот пред Универзална сала, град Скопје го организира настанот „Скопје за Балашевиќ“.

Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.  Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, пишува во описот на настанот.