Обвинителството во Рио де Жанеиро започна опсежна истрага поради извештајот во кој се тврди дека на еден дел од населението наместо вакцини му бил инјектиран воздух од празен шприц.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените претставници да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица.

Во државата Рио има најмалку три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инјекции со воздух“, со кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцови.

Вработените вмешани во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени на друга страна, оние што биле вмешани во тој скандал би можеле да бидат гонети за проневера, за што се предвидени до 12 години затвор.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.